Ибрахимовиќ за разделбата со Јунајтед: Не можеа да го добијат вистинскиот Златан

zlatan-galaksi-983298283

Златан Ибрахимовиќ го напушти Манчестер Јунајтед по 20-месечен престој во славниот англиски клуб, а во своето последно интервју за „Би-Би-Си“ уште еднаш зборуваше на оваа тема и одлуката да се пресели во Л.А Галакси.

Швеѓанецот вели дека можел да остане во тимот, но одлуката ја донел поради сопствените принципи.

– Работата не беше во тоа да имам договор и да заработувам пари по секоја цена. Им реков, не сакам плата, задржете ја.

– По повредата психолошки бев подготвен да се вратам, но моето колено не беше. Кога бев подготвен сфатив дека не сум таму. Го имаа вистинскиот Златан претходно, но не можев да бидам тој Златан потоа. Добив шанса на неколку натпревари, но му реков на тренерот: Слушај, не сум подготвен, не сакам да те разочарам. Имам почитување за соиграчите и стручниот штаб, избери некој кој ќе ја заврши работата подобро, – вели Ибрахимовиќ објаснувајќи го начинот на кој сфатил дека е време да се раздели со Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари