Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ за можниот трансфер на Рашфорд во Милан: Многу добро го познавам…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Маркус Рашфорд се очекува да го напушти Манчестер Јунајтед во овој преоден рок, а како најреална опција е тој да биде позајмен во некој клуб до крајот на кампањава.

Неколку екипи се издвојуваат, потенцираат како потенцијални дестинации и тоа Милан, Јувентус, но и шпанска Барселона. Златан Ибрахимовиќ како еден од најважните луѓе во таборот на „росонерите“ имаше можност да даде свој коментар на оваа тема и колку е реално Англичанецот да заврши на „Сан Сиро“.

-Го познавам Рашфорд многу добро, играв со него кога беше млад, сега е возрасен и направи големи работи со Манчестер Јунајтед. Мислам дека нема потреба да го убедувам, бидејќи Милан е еден од најголемите клубови во светот и сите сакаат да дојдат овде.

-Гледано од денеска, не е лесна операција, но се уште не сме разговарале со него. Ќе видиме дали ќе разговараме со него, -истакна Ибра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни