Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ за инцидентот меѓу Калабрија и Консеисао: Се сеќавам што ми кажа Капело кога направив нешто слично

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Златан Ибрахимовиќ ги демантираше вестите на медиумите и негираше дека тој бил миротворец во соблекувалната за инцидентот меѓу Давиде Калабрија и Сержо Консеисао, уверувајќи ги новинарите дека недоразбирањето било решено уште пред тој да влезе во подтрибинскиот простор.

Во промоцијата на Кајл Вокер како нов играч на Милан, Златан му правеше друштво на Англичанецот на првата прес-конференцијата, па го искористил појавувањето и за да ги расчисти дилемите околу настанот кој крена голема прашина.

– Имаше многу адреналин во ситуацијата со Калабрија и Консеисао. Станува збор за двајца победници кои го направија тоа што го направија.

– Мене тоа ми се случило ијладници пати на теренот и надвор од теренот. Најважна работа е дека тоа е средено, работата беше средена уште пред да влезам во соблекувалната.

– Мене истава оваа работа ми се има случено во Барселона, Милан, Париз и во Јунајтед. За мене ова е сосема нормално. Се случува ова кога сакате да победувате по секоја цена. Кога направив вакво нешто под водство на Фабио Капело, се сеќавам дека ми го рече следното: Немој да се грижиш, ова е добро за тимот!

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни