Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ во свој стил: Подготвен сум да играм…(ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:instagram.com/iamzlatanibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ веќе некое време ужива во своите пензионерски денови, но фудбалот е негова страст и дефинитивно ги прати сите настани, актуелности, важни моменти.

Неговиот последен клуб Милан денеска игра со Њукасл во Лигата на шампионите, а во пресрет на овој меч тој дојде го Миланело, го посети тимот, разговараше со играчите и сигурно имал што да им порача, па и да ги мотивира, додели некој совет по тешкиот пораз од Интер во Серија А.

-Дојдовме во Миланело и веднаш му кажав на тренерот дека сум подготвен да играм, но моето име не беше на списокот. Иако се чувствувам добро и фит. Шегата на страна, продолжи да навиваш за Милан, се ќе биде во ред, се гледаме на „Сан Сиро“,  -порача Златан преку социјалните мрежи на „црвено-црните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни