Ибрахимовиќ во свој стил: Кристијано не е природен талент, има само еден Роналдо

ibra-kristjano

Златан Ибрахимовиќ во измиатиов период е доста актуелен и интересен за јавноста, а главната причина за тоа е секако неговата одлука која доправа треба да ја соопшти за тоа во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Најавите се дека тоа ќе биде тим од Италија, но додека се чека за официјална потврда и објава, Швеѓанецот ја забавува јавноста во свој стил, па така го закачи Кристијано Роналдо. Запрашан за тоа дали во Италија ќе го најде вистинскиот Роналдо во Италија, тој одговори:

-Нема сигурно да го најдам. Вистинскиот Роналдо е Бразилецот. Тој (Кристијано) не е природен талент, туку плод на многу работа, -истакна Швеѓанецот и додаде:

-Тој потпиша за клуб кој седумпати во низа ја освојува Серија А. Не е предизвик да се оди во таков клуб. Ако сакаше предизвик ќе отидеше во Јувентус кога беа во Серија Б и да ги врати во Серија А и однесе на врвот, -порача ветеранот.

Facebook Коментари