Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ во свој стил: Кој ќе ја освои титулата? –За кој клуб игра Златан?

Објавено

на

Легендарниот шведски фудбалер со босански корени, Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во центарот на вниманието по одговорот на прашањето кој ќе ја освои титулата во Серија А оваа сезона.

Ибрахимовиќ во свој стил посочи дека Скудетото оваа сезона ќе го освои тимот кој го има Златан во своите редови, а тоа е Милан.

– Кој ќе го земе Скудетото? За кој клуб игра Златан? За Милан? Тогаш одговорот е Милан, -изјави Ибрахимовиќ.

„Росонерите“ и оваа сезона ја започнаа навистина добро и во моментов се на втората позиција на табелата во Серија А, со два бода помалку од водечкиот Наполи.

И минатата сезона Милан одлично се држеше долго време, но во последните натпревари од сезоната попушти, па титулата замина кај нивниот градски ривал, Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни