Италија
Ибрахимовиќ во свој стил ја објасни специфичната функција која ја извршува во Милан
Студијата која ја направија челниците на Милан во познатиот Универзитет Харвард направи да видиме и неколку интересни изјави за јавноста, бидејќи покрај провокацијата која ја испрати Гери Кардинале до Интер, впечатливо е и обраќањето на Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот се врати во клубот за да извршува директорска улога која се уште не е целосно јасно дефинирана, но во обид да им помогне на медиумите во толкување на истата, Ибра испорача реченица во свој препознатлив стил.
– Јас сум Златан и моја улога во Милан е да бидам Златан. Имам уште многу за учење, но мислам дека имам многу да дадам на тимот и клубот. Сакав да бидам во позиција каде можам да направам разлика.
Ибрахимовиќ е советник од највисок ранг во Милан и има важен збор при донесувањето на најважните одлуки во клубот, но исто така има и тесна и блиска врска со играчите.
– Една од моите обврски во Милан е да го развијам победничкиот менталитет во тимот, треба да се осигурам дека тимот ќе дава резултати. Им велам на играчите дека можат да направат историја ако постигнат добри резултати. Близок сум со нив, но не е исто како кога бев играч. Сега имам поинаква позиција откога бев играч, бидејќи во тимот се уште има доста играчи од тоа време, – образложува Златан.
-
Италија12 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Италија24 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП23 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Светски првенства10 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија22 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Англија22 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)
-
Англија13 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Шпанија21 час
Димитриевски одново сочува „чиста мрежа“, Валенсија прв четвртфиналист во Купот (Видео)