Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ вклучил специјална клаузула: Милан лесно може да се ослободи од Консеисао ако не се исполни еден услов

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Сержо Консеисао не можеше да замисли подобар старт на авантурата во Милан, но освоената титула во Суперкупот веќе многумина ја заборавија, особено по катастрофалнта седмица која ја остави италијанскиот великан зад себе.

„Росонерите“ доживеаја болна елиминација во Лигата на шампионите од Феенорд и до крајот на сезоната можат единствено да се борат за титулата во Купот, но поважна цел на Милан е онаа во домашното првенство, која доколку не се оствари, Консеисао може да заработи отказ.

Како што јавуваат угледните италијански медиуми, Златан Ибрахимовиќ вклучил специјална клаузула во договорот со Португалецот, односно Милан има ексклузивно право да го прекине договорот со тренерот доколку овој не успее да го однесе тимот во Лигата на шампиони.

Неговиот тим изминатиот викенд претрпе непријатен пораз од Торино на Елиф Елмас и дополнително се оддалечи од топ четири на табелата, па јасно е дека целта за Сержо станува се потешка на 12 кола пред крајот.

Милан е на 7-то место на табелата и во моментов е надвор од местата кои водат во Европа, но кога е главната амбиција во прашање, „росонерите“ се на осум бода од четвртото место кое во моментов му припаѓа на Јувентус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни