Лига на шампиони
Ибрахимовиќ со порака до играчите на Милан: Менталитетот ќе биде клучен

Златан Ибрахимовиќ вторпат одработи обврските кон новинарите во отсуство на Сержо Консеисао, па така легендарниот Швеѓанец доби шанса да биде човекот кој го најави клучниот меч за Милан во Лигата на шампиони.
По поразот од 1:0 во Ротердам, Милан утре на „Сан Сиро“ ќе брка негатива за пласман во осминафиналето, но Златан верува дека овој нов тим може да направи голема работа утревечер, особено ако биде носен и туркан од 80 илјади навивачи на трибините.
– Чудна ситуација е за мене да се појавувам на пресот, но нашиот тренер е на пат од Португалија каде беше на погреб на својот пријател Пинто да Кошта.
– Тој ќе биде утре на натпреварот, а на истиот ќе биде важно да бидеме поттурнати од фановите. Сигурен сум дека 80 илјади навивачи ќе бидат на стадионот и дека ќе ни дадат голема поддршка.
– Играчите мора да го имаат правилниот менталитет за да направат пресврт. Мора да мислат дека играат финале. Убаво е да се игра добро, но поважно е да се победи, утре мора да минеме понатаму. Почнуваме со гол негатива, но веруваме дека можеме да направиме пресврт. Треба да бидеме колективно добри, но и индивидуално несебични. Дури и тие кои се на клупата ќе мора да притискаат, така се создава победнички тим, – изјави Ибра.
-
Лига на нации11 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан23 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации24 часа
Катастрофалната грешка на Австријците ја најави победата на Србија во Белград (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации11 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)