Поврзете се со нас

Свет

Ибрахимовиќ си оди од Милан, тренер на еден клуб потврди дека Швеѓанецот веројатно ќе потпише за нив

Објавено

на

Тоа што се шпекулира во последниов период веројатно ќе добие и официјална потврда, Златан Ибрахимовиќ по само една полусезона помината во Милан ќе си оди од клубот и веројатно ќе се врати во родната Швдеска.

Напаѓачот од неодамна стана еден од сопствениците на Хамарби откако се реши да откупи дел од акциите од овој клуб.

Додека трае паузата, Ибра тренира со овој клуб за да ја задржи формата во пресрет на продолжувањето на Серија А за што поподготвен да ги дочека се чини последните настапи во дресот на Милан.

Ибрахимовиќ нема да го продолжи договорот со „росонерите“ и веројатно ќе потпише договор со Хамарби каде и ќе ја заврши својата богата кариера.

Дека ваква можност и тоа како е веројатна потврди тренерот на шведскиот клуб,  Јеспер Јансон.

– Тоа е веројатно, мислам дека постои можност тој да дојде. Но само Златан го знае одговорот на ова прашање. Не мора да му кажувам дека го посакуваме. Засега нема кажано ништо, а нема да открива додека не биде 100% сигурен, но очигледно е дека таа можност нас многу ни се допаѓа, -изјави Јансон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни