Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ сепак стравува од нешто: Се плашам само од една работа

Објавено

на

Foto: twitter.com/acmilan

Златан Ибрахимовиќ се гледа себеси на фудбалските терени и наредната натпревраувачка сезона, па токму поради тоа почна да прави сериозни притисоци врз управата на Милан, од која бара да реагира во најбрз можен рок.

Ибра воодушевува со своите атлетски квалитети на 40-годишна возраст, но негова цел е да биде активен и на 41-на година, бидејќи сепак има нешто од што стравува, иако на јавноста со години и се претставува како бестрашен.

– Сакам да играм што е можно подолго. Се додека имам адреналин, јас ќе продолжам. Затоа правам притисок врз Милан, сакам да ми дадат продолжување на договорот и се надевам дека ќе остана во Милан засекогаш.

– Имам се уште цели кои сакам да ги остварам, сакам да освојам уште едно Скудето до крајот на мојата кариера. Ќе бидам искрен, сепак се плашам од една работа.

– Исплашен сум да кажам стоп и да ставам крај на кариерата. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но сакам да продолжам да играм и да не жалам за ништо кога еден ден нема да бидам дел од професионалниот фудбал, – вели Ибра како гостин за „Rai Tre“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни