Поврзете се со нас

Свет

Ибрахимовиќ се врати по речиси 5 години со асистенција за победа на Шведска (Видео)

Објавено

на

Шведската фудбалска репрезентација славеше со минимални 1:0 против Грузија, со што на посакуван начин ги започна квалификациите за Светското првенство во Катар.

Натпреварот беше важен и поради враќањето на Златан Ибрахимовиќ во националниот тим, а тој го одбележа камбекот со важна асистенција.

Швеѓаните го постигнаа голот во 35. миинута и тоа кога Ибра одлично ја смири топката во шеснаесетникот на Грузија, го проигра Клаесон, а овој го постигна голот за победа.

Ибрахимовиќ настапи до 84. минута, а ова за него беше враќање во националниот тим по 4 години, 9 месеци и 3 дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни