Ибрахимовиќ се врати на тренинзите на Јунајтед и инсистира побрзо да се врати на теренот

zlatan-trofej

Златан Ибрахимовиќ изгледа ќе се врати на фудбалските терени порано отколку што се очекуваше по тешката повреда на коленото во април.

Тој утринава им се приклучи на соиграчите од Манчестер Јунајтед на тренинзите и првичните најоптимистички предвидувања беа дека ќе може да настапи околу Нова година, а пореалните околу јануари-февруари. Сега, на ветеранот му се предвидува враќање на натпреварите уште на 2 декември за дербито со Арсенал.  Според извештаите во англиските медиуми, самиот играч притискал за негово побрзо враќање на терените.

Манчестер Јунајтед е лидер во Премиер лигата, а има и 9 победи на 10 меча во сите натпреварувања сезонава.

 

 

 

Facebook Коментари