Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ позитивен на коронавирус, Милан излезе со официјално соопштение

Објавено

на

Милан вчера информираше дека Лео Дуарте е испратен во карантин по позитивниот тест на КОВИД – 19, но истиот ги натера сите играчи на тимот од „Сан Сиро“ да направат нови тестови, а истите ни донесоа уште еден позитивен тест.

Поради протоколот кој го налага УЕФА, сите вработени во Милан и играчите од првиот тим мораа да подлегнат на нови тестови, по кои тренерот Стефано Пиоли сега остана без Златан Ибрахимовиќ за вечерашниот меч во Лига Европа.

На неколку часа пред мечот со Бодо/Глимт во Лига Европа, Милан информираше дека Златан е фудбалерот кој има позитивен тест на коронавирус, па искусниот напаѓач сега ќе мора да мине процес на изолација.

– Милан објавува дека Златан Ибрахимовиќ е позитивен на тестот по земениот брис за денешниот натпревар против Бодо/Глимт.

– За оваа вест веќе се информирани надлежните здравствени власти, а играчот веднаш е ставен во домашен карантин. Сите останатите брисеви од играчите се негативни, – гласи објавата на Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни