Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ повторно издоминира на Сан Ремо, овојпат се слушаше познат хит на Лепа Брена (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Златан Ибрахимовиќ пред три години беше голема ѕвезда на Сан Ремо фестивалот кој тогаш за првпат се одржа без публика поради коронавирусот, но шведската фудбалска ѕвезда повторно се најде во центарот на вниманието на отворањето на овогодинешното издание.

Популарниот Ибра повторно беше специјален гостин на водителот Амадеус, но овојпат се појави на сцената во Арсистон театарот пред исполнет капацитет и со една мала промена.

Организаторите на Сан Ремо во 2021-ва година го најавија Златан стар хит на Нада Топчагиќ (јутро је), но овојпат беше пречекан со познат хит на Лепа Брена.

Музиката од познатиот хит „Луда за тебе“ одекна во познатиот театар во Италија, а Ибра издоминира во свој стил и во моментите кога разменуваше зборови со водителот кој веќе му е добар пријател.

– Што барам овде? Не, кажи ми ти што правиш тука? Кога заедно го водевме шоуто, фестивалот мина навистина добро. Сега ќе ти дадам шанса и ќе седнам, ако видам дека си изморен, ќе побарам твоја замена, – му порача Ибра на Амадеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни