Поврзете се со нас

Германија

Ибрахимовиќ повторно активен на социјалните мрежи, најави ли Швеѓанецот трансфер во Бундеслигата?

Објавено

на

Извесно е дека Златан Ибрахимовиќ по крајот на оваа сезона ќе си замине од редовите на Милан и кариерата ќе ја продолжи во друга средина.

Се најавуваше негово можно враќање во Шведска и трансфер во тимот чиј косопственик е, Хамарби.

Сепак, последната активност на социјалните мрежи на популарниот Ибра донесе нови прашања околу неговата иднина.

Имен, 38 годишниот фудбалер на Инстаграм објави фотографија со која им се заблагодари на луѓето од Бундеслигата кои први се вратија на зелените терени.

– Тие рекоа дека можат. Ви благодариме, -напиша Ибрахимовиќ, по што следуваше одговор од Бундеслигата од каде му напишаа на Ибра: -Нема на што…

Ибрахимовиќ возврати и на овој одговор и со својот коментар предизвика лавина реакции: -Се гледаме наскоро…, -напиша фудбалерот на Милан и на тој начин можеби најави и трансфер во Бундеслигата каде нема играно во досегашната негова кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни