Ибрахимовиќ посочи кој играч го потсетува на легендарниот Роналдо

ibrahimovic

Поранешниот шведски репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата приказна во МЛС лигата и сега најверојатно се враќа во Европа со тоа што допрва треба да го открие клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.

Во меѓувреме додека трае трае таа неизвесност околу изборот на нова екипа, Ибра е актуелен на различни теми со одговори во негов стил. Меѓу другото тој уште еднаш посочи дека негов идол бил легендарниот Луис Назарио Де Лима Роналдо, но воедно откри кој млад играч го потсетува на славниот Бразилец.

-Можеби Килијан Мбапе кој прави разлика, тој е млад и се надеваме ќе продолжи да работи. На 19 години веќе е ѕвезда. Се надевам е се уште гладен и има страст за играта, да расте и да направи уште повеќе, -истакна Златан.

Facebook Коментари