Италија
Ибрахимовиќ покажал класа во подтрибинскиот простор по огромната грешка на судијата Сера

Специја направи огромно изненадување на „Сан Сиро“ и освои три бода во натпревар кој се чинеше дека лесно ќе го загуби, но кој на крајот предизвика неверојатна драма и завршница од која застанува здивот.
Аутсајдерот одговори на почетниот гол на Леао во првото полувреме и израмни на 1:1 преку Агудело, но лудилото беше резервирано за судиското надополнување, во кое видовме два гола, од кои првиот беше неправилно поништен.
Судијата Марко Сера направи неверојатна грешка и веднаш му стана јасно за тоа, па експресно им се извини на играчите на Милан откако ја стопираше акцијата по која Месијас погоди во мрежата на Специја. Наместо гол, судијата свирна една секунда претходно и досуди прекршок за Ребиќ, а за да биде ситуацијата уште полоша, четири минути подоцна (во 96-та), Специја постигна втор гол и приреди студен туш на „Сан Сиро“.
Играчите на Милан протестираа кај судијата Сера на теренот по последниот свиреж, но италијанските медиуми сега откриваат дека најџентлменски потег во подтрибинскиот простор имал Златан Ибрахимовиќ.
Угледните „Газета дело Спорт“, Кориере дела Сера“ и Кориере дело Спорт“ откриваат дека Сера бил емотивно потресен од огромната грешка со која најверојатно му одзема победнички гол на Милан, по што во агонија плачел и им се извинувал на играчите на домашниот тим.
Во тој момент, истапил искусниот Ибра и го тешел расплаканиот судија, по што му се придружиле уште четворица играчи од првиот тим кои исто така му посветиле убави зборови на судијата кој експресно ја прифати големата грешка.
-
Англијапред 13 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 23 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 11 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Италијапред 10 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 19 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 19 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!