Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ откри зошто Милан не тргнал по новиот тренер на Наполи: Со сета почит кон Конте, но…

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Златан Ибрахимовиќ вчера му посака среќа на Пауло Фонсека и посочи дека тој е вистинскиот човек за тренерското столче во Милан, место кое стана многу атрактивно по најавеното заминување на Стефано Пиоли.

После петгодишна етапа на „Сан Сиро“, искусниот Пиоли си замина со взаемен договор и како голем џентлмен, па токму поради тоа си замина и со сите почести и низа благодарници од сите во клубот.

По најавата за прекинот на соработката, Милан се поврза со неколку звучни имиња и долго време на врвот на листата беа Антонио Конте и Роберто Де Ѕерби, но сепак конечниот избор сепак беше Фонсека.

Во своето излагање, Ибра нагласи дека Милан прагматично го анализирал идниот кандидат и барал тренер кој игра допадлив и офанзивен фудбал, нешто што очигледно не го препознале кај Конте.

– Прво и основно, ние студиравме тренери кои имаат посебен метод на работа и посакуван пристап кон играта. Со Пауло Фонсека зборувавме лице в лице и тој е многу амбициозен. Има голема желба да работи и да се подобрува. Во Милан тренерот е за да ги тренира играчите и да ги подобрува, не е тука за да биде менаџер.

– Конте? Ние не зборувавме со Контер поради критериумите кои ги имавме поставено. Со сета почит кон Конте, но тој не беше она што го баравме, – потенцира Ибра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни