Италија
Ибрахимовиќ откри зошто Милан го доведе Павловиќ: Нашите скаути…
Страхиња Павловиќ е едно од новите имиња во редовите на калчолигашот Милан, дефанзивец кој беше ангажиран од РБ Салцбург.
Српскиот репрезентативец може да игра како стопер, но и како лев бек што секако е голем плус за „росонерите“. Тој допрва ќе треба да се докажува, но Златан Ибрахимовиќ е убеден дека ќе успее на „Сан Сиро“.
Токму Ибра и посочи што било пресудно за да се реализира операцијата за Павловиќ кој има 23 години.
-Павловиќ беше прогласен за совршен играч од нашите скаути и по извесно време гледајќи го, сите се уверивме. Тој е агресивен, игра со левата нога, а во одбраната единствен таков ни е Тео Ернандез. Тој има правилен став, кој го сакаме. Потребна е одлучност и Павловиќ е погоден за овој тим. На Пауло Фонсека навистина му се допаѓа, тој е млад и има простор за напредок, но веќе има Лига на шампиони и меѓународно искуство.
-Направивме се за да го донесеме овде. Јас сум 200 проценти сигурен дека тој ќе биде миленик на навивачите. Тој е некој што на секој дуел оди со срце, навивачите можат да почувстуваат кога давате 200 проценти и јас го велам тоа како поранешен играч. Страхиња е лидер на теренот и надвор од него, што не е лесно кога имате само 23 години, -порача Златан.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон