Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ откри што е она што го тера да продолжи да игра на високо ниво и на 40 години: Немам проблем да патам

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ продолжува да прикажува одлични партии во дресот на Милан иако Швеѓанецот веќе поча да гази и во 40-тата година од својот живот.

Напаѓачот на „росонерите“ посочи дека адреналинот е оној кој го тера да продолжи да игра и да не размислува на завршување на својата играчка кариера.

– Не ме тера да продолжам она што сум познат во јавноста, тоа не ми треба. Секое утро се будам со болки, а единствената работа која ме тера и натаму да играм фудбал е адреналинот. Повеќето пари нема да те излечат, но адреналинот сигурно ќе те излечи.

– Ќе играм додека можам, не сакам да жалам поради тоа што сум престанал, а потоа да седам со вас и да размислувам за тоа како сум можел да продолжам затоа што се чувствувам добро. Подобро е кога си тотално на крајот да кажеш „повеќе не можам“ и да прекинеш.

– Јас немам проблеми ако мора да патам, тоа за мене е како појадок. Многу луѓе не разбираат како е да патиш, затоа што овие нови генерации кои ги имаат сите оние платформи, мора малку да патат за да добијат награди. Горд сум што сум дел од старата генерација, -изјави Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни