Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ откри како му бил врачен отказ на Португалецот: Му се извинувам на Фонсека, но и на навивачите

Објавено

на

foto: x.com/acmilan

Златан Ибрахимовиќ беше човекот кој го избра Пауло Фонсека и кој му даваше огромна поддршка на Португалецот изминативе неколку месеци, па затоа сега почувствува потреба прв да се огласи за неодамнешното заминување на тренерот.

Милан му врачи отказ на Фонсека по ремито со Рома, но овој расплет не беше последица на резултатот на дербито со „волчицата“, туку производ на неконстантната игра и лошите резултати кои ги бележеше тимот од стартот на сезоната.

Ибрахимовиќ како одговорен за ваквите случувања почувствува потреба да им се обрати на фановите, а притоа не пропушти да нагласи каков голем професионалец бил Фонсека до последен ден.

– Пред да ја почнеме ерата Консеисао, сакам да му се заблагодарам на Фонсека за се што направи и за професионалната која ја демонстрираше. Покажа дека е голем професионалец до последен ден. Имам максимална почит кон него. За жал не успеа да има континуитет во резултатите, а кога сте во Милан, резултатите се оние кои ги диктираат нештата.

– Одлучивме да го отпуштиме веднаш по натпреварот, а направивме грешка што го испративме на прес-конференција. Му се извинувам на Пауло, но и на навивачите на клубот за лошата слика која ја оставивме, – порача Ибрахимовиќ и додаде.

– Ги разбираме фановите, сфаќаме дека се лути. Максимално ги почитуваме, но треба да знаат дека ние сме први кои сме незадоволни од резултатите. Нема да бидеме задоволни додека не ги оставриме нашите цели, а една од целите е Суперкупот во Ријад. Одиме таму со големи амбиции, – посочи Златан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни