Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ откри дека му пропаднал договорен трансфер во Наполи

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ и годинава е лидер на Милан кој има одлична сезона и засега е меѓу главните кандидати за скудетот.

Шведскиот интернационалец во своето последно интервју за „Кориере дела Сера“ зборувал на многу теми, а открил и зошто пропаднал договорениот трансфер во Наполи, во периодот кога го носеше дресот на Лос Анџелес Галакси.

– Бев заморен од Америка, дури размислував и да ја завршам кариерата.

– Мино ми рече: Ти си луд, мора да се вратиш во Италија. Се беше договорено со Наполи, но тогаш Де Лаурентис го отпушти Анчелоти и работите се променија.

– Го прашав Раиола кој е најлошиот тим во кој можам да отидам? Ми одговори дека Милан загубил 5:0 од Аталанта, по што веднаш му реков дека ќе се вратам во Милан, бидејќи тоа подразбираше клуб и град кои добро ги познавам,- изјавил Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни