Поврзете се со нас

Свет

Ибрахимовиќ му се понуди на Пикси: Да не ти треба фудбалер? (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ вчера официјално се прости од фудбалот преку церемонијата која Шведската фудбалска федерација ја приготви за време на пријателскиот натпревар меѓу Шведска и Србија.

Легендарниот фудбалер заслужено доби овации од публиката, а вреди да се истакне и видеото објавено од Србите, а поврзано со неговата средба со селекторот Драган Стојковиќ Пикси.

Ибра и Пикси имаа срдечен разговор, во кој Ибра потсети на својот препознатлив стил, прашувајќи го српскиот селектор да не му е потребен фудбалер за ЕП.

– Се исплашив дека ќе влезеш во игра, – му порача српскиот селектор на Златан, а овој возврати дека дефинитивно можел да одигра 20 минути.

– Дисциплина, е пораката со која Ибрахимовиќ го заврши разговорот, алудирајќи дека дисциплината ќе биде најважна за остварување добар резултат на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни