Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ ќе биде вип гостин на познатиот италијански фестивал Санремо кој започнува да се одржува од денеска па се до сабота, а предвидено е да видиме заедничка музичка изведба на шведскиот напаѓач и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Ибра и Миха се одлични пријатели и надвор од фудбалскиот терен и како такви ќе ни се прикажат во едно интересно ново издание, за кое Златан верува дека ќе бидат подеднакво лоши.

– Се надевам дека и Михајловиќ не знае да пее како мене, така би биле на исто ниво и нема да се посрамотиме, – низ смеа изјави Ибра пред насобраните италијански новинари, кои му поставија прашања и за последните случувања во фудбалот, од кои тој беше инволвиран.

Пресметката која ја имаше со Ромелу Лукаку за време на Куп пресметката со Интер привлече огромно внимание во јавноста откако двајцата си поделија погрдни зборови, но Златан вели дека кога е тој во прашање, се што се случува на теренот, останува таму.

– Ако Лукаку сака да дојде на Сан Ремо, тој е добредојден. Немам ништо против да седам со него, што се случува на теренот, останува на теренот. Немам никаков проблем, – потенцира Ибра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни