Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ: Многу грешевме против Интер, ама Милан ќе се врати (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Милан претрпе убедлив пораз од Интер од 3-0 во дербито на колото во Серија А и со тоа направи чекор наназад во борбата за Скудетото.

Еден од играчите кој беше критикуван е Златан Ибрахимовиќ кој едноставно не успеа да го даде најдоброто, да го има тој импакт, влијание како во некои други натпревари, па Швеѓанецот ја доби и наградата „Златен тапир“ која му се доделува на некој кој се посрамотил, бил понижен во минатата седмица.

Ибра со насмевка ја прими истата, а потоа порача дека Милан ќе се врати на победнички патеки.

-Беше тешко против Интер. Направивме многу грешки, ама ќе се поправме. На следниот меч ќе дојдам со тапирот, можеби ќе ми донесе среќа, -истакна во свој стил ѕвездата на „росонерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни