Италија
Ибрахимовиќ: Ме критикуваат 25 години зошто сум број еден, јас се уште сум Бог!

Златан Ибрахимовиќ почна да тренира со Милан и е на добар пат да се врати на терените по подолга пауза поради проблемот со коленото кој го реши со оперативен зафат.
Долго време траеше преоцесот, закрепкувањето, па ветеранот сега е подготвен да покаже што знае и умее.
-Јас сум сè уште Бог, сè уште сум број 1, сега се вратив и музиката се менува. Имам толку многу желба, сакам да направам толку многу работи, она што го изгубив во овие седум или осум месеци. Јас изгубив време. Тим во криза? Не сум загрижен, ова се нормални моменти во една сезона. Сега мора да разговараме малку и да ја докажеме нашата вредност на теренот, -рече Ибра и додаде:
-Нормално е, затоа што ако не ве критикуваат, вие не сте на врвот. Тие ме критикуваат веќе 25 години затоа што сум број 1, навикнат сум на тоа. Тоа е како да ставате бензин на огнот и кога играте со оган, ќе изгорите. Дали сè уште се чувствувам како Бог? Се разбира, ништо не се менува, -истакна Швеѓанецот кој иако е во петтата деценија во животот верува дека може да му помогне на италијанскиот шампион.
-Јас сум добар, многу сум добар! Се вратив во составот и се чувствувам слободно, слободно на и надвор од теренот. Тоа значи дека сум добро. Во овој период направив сè за да им помогнам на тренерот, стручниот штаб и клубот однадвор, -порача голгетерот кој воопшто не размислува за пензија.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)