Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ ќе доведе Американец со македонско потекло во менаџментот на Милан

Објавено

на

Раководството на Милан одреди влијателна функција во клубот за Златан Ибрахимовиќ, а легендарниот фудбалер во иднина сигурно ќе повлече одредени потези поврзани со иднината на „росонерите“.

Според италијанските медиуми, Ибра сака да го засили менаџментот на Милан со Јован Кировски, поранешниот американски фудбалер кој има македонско потекло и кој во својата кариера играше и во Европа.

Кировски долги години беше технички директор на Лос Анџелес Галакси и своевремено го доведе Ибрахимовиќ во МЛС клубот, па оттогаш трае и нивната блиска комуникација.

Медиумите тврдат дека ангажманот на Кировски е пред реализација и дека тој дефинитивно ќе пристигне во Италија, но засега е нејасно каква функција ќе добие.

Актуелните директори Монкада и Фурлани имаат сигурни позиции, но се чини дека клубот може да му најде простор на Кировски со директорска позиција со која ќе има влијание врз работата на младинската академија, но и првиот тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JovanKirovski (@jovan_kirovski)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни