Ибрахимовиќ ја завршува приказната со Јунајтед, позната е неговата следна дестинација

zlatan-ibrahimovic

Искусниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ ќе ја заврши приказната со премиерлигашот Манчестер Јунајтед, пренесуваат светските медиуми.

Голем број од информациите говорат дека Ибра веќе го одигра својот последен натпревар и може во било кое време да го напушти „Олд Трафорд“ без разлика што актуелниот договор му е до 30 јуни. Зелено светло за ова Ибрахимовиќ има и од Жозе Мурињо,  па се чини само прашање на време е кога само ќе дојде официјалната потврда за оваа вест.

Ибра во Манчестер дојде во 2016 година од Пари Сен Жермен и на 53 натпревари даде 29 голови. Следна негова дестинација најверојтно ќе биде МЛС лигата и составот на Лос Анџелес Галакси.

Facebook Коментари