Поврзете се со нас

Свет

Ибрахимовиќ: Имам само една порака за младата генерација

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ вчера имаше свечено испраќање во Стокхолм и доби стоечки овации од сите фудбалски фанови од Шведска, но и од цела српска експедиција која беше на „Френдс арена“.

Ибракадабра доби специјална благодарница за сето она што го направи како шведски репрезентативец, една година откако официјално објави дека заминува во фудбалска пензија.

Ибра имаше прилика да се обрати пред фановите и шведската Федерација го долови целиот говор, а како по обичај, истиот секако не остава никого рамнодушен.

– Пред 25 години кажав дека ќе бидам најдобар од сите и многумина ми се смееја. 25 години подоцна стојам тука и можам да кажам дека бев најдобар на сите времиња, – во свој стил порача Ибра.

– Имам само една порака за младата генерација: Обидете се да сонувате големи нешта. Ако немате сила да сонувате нешто големо, тогаш погледнете го мојот пример и ќе добиете желба за такво нешто. Јас сум доказ дека ништо не е невозможно во спортот, без оглед од каде доаѓаш, – потенцира Златан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни