Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ има еден фаворит за наследник на Фонсека во Милан

Објавено

на

foto: x.com/Ibra_official

Пауло Фонсека дојде во Милан на иницијатива на актуелното раковдство и Златан Ибрахимовиќ, но во моментов има само минимални шанси да ја задржи својата позиција.

Почетокот на сезоната не ги донесе посакуваните резултати за „росонерите“, а токму Ибрахимовиќ е тој кој ќе треба да пресече во однос на евентуалниот отказ.

Во пресрет на градското дерби, италијанските медиуми шпекулираат дека Фонсека може да заработи отказ дури и со позитивен резултат против Интер, а главен фаворит на Ибра за функцијата е Игор Тудор.

Хрватскиот стручњак последниот период презема клубови во тек на сезоната и успева да ги поправи резултатите, а на Ибрахимовиќ му се допаѓал карактерот на Тудор и фактот што тој инсистира на дисциплина и знае како да ги мотивира фудбалерите.

Покрај останатото, ангажманот на Тудор нема да подразбира и висока плата која би ја барале други тренери, а Хрватот би имал шанса да се докаже со натпреварите до крајот на сезоната.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни