Италија
Ибрахимовиќ и Милан изиритирани од одредени потези на Консеисао

Милан се врати од гостувањето во Холандија во Лигата на шампионите со пораз и тоа донесе големо разочарување во клубот и меѓу навивачите, а овој резултат во комбинација со одредени потези на тренерот донело дополнително незадоволство кај одговорните.
Раководството и специјалниот советник на сопствениците, Златан Ибрахимовиќ дополнително се изиритирани од потезите на Серџо Консеисао, а на Португалецот не му помага ниту фактот што засега има подобар просечен ефект од претходникот Пауло Фонсека.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Ибрахимовиќ не го криел незадоволството на трибините во Ротердам, а не го прифатил најдобро и потегот на тренерот, кој во финишот ги стави во игра Ејбрахам и Камарда на местото Хименез и Леао.
Дополнителна „закачка“ меѓу Ибра и Консеисао претставувала изјавата на Консеисао во која тој зајадливо рекол дека Милан има три тима на располагање заедно со талентираните младинци и тоа како одговор на забелешката на Златан дека сега „росонерите“ имаат два тима за ротација, алудирајќи на засилувањата во јануари.
Следен противник на Милан е Верона и Консеисао и фудбалерите имаат сериозен императив да ги освојат трите бода пред реваншот со Феенорд.
-
Формула 114 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија23 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија13 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Балкан24 часа
Нов гол за Цујо во Турција: Аврамовски претрча 50 метри и ја матираше Анкарагучу (ВИДЕО)
-
Македонија7 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)