Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ го соопштил својот услов за да остане во Милан

Објавено

на

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ на почетокот на оваа година по втор пат го облече дресот на Милан со надеж дека ќе му помогне на клубот да го подигне нивото и да се направи значаен чекор кон враќање на старите победнички патеки.

Меѓутоа и покрај неговото присуство „црвено-црните“ имаа променливи резултати и во моментов се многу далеку од Топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите. Тоа секако може да биде проблем за Ибрахимовиќ кој секогаш има високи цели, но искусниот напаѓач и покрај турбулентниот период би можел да остане во Милан под услов клубот да не се раздели со техничкиот директор Паоло Малдини.

Пред неколку месеци управата го отпушти Звонимир Бобан, а местото на Малдини се уште не е сигурно и медиумите шпекулираа дека и тој може да добие отказ.

Ако тоа се случи, тимот од Милано дефинитивно ќе остане без Ибрахимовиќ кој е одлучен да си замине ако Паоло добие „шут карта“ од „Сиро“.

Инаку договорот на Златан истекува на крајот на јуни, ама во истиот има опција остане уште една сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни