Поврзете се со нас

Свет

Ибрахимовиќ го посочи најдобриот фудбалер на сите времиња, па го нападна „кралот Џејмс“: Прави го тоа во кое си добар!

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ одигра едно полувреме против Црвена Звезда и беше дел од натпреварот од кој многу позадоволен треба да биде италијанскиот тим, од едноставна причина што Милан дури беше и во подредена улога во однос на српскиот состав кој одигра исклучително храбро во двете пресметки со „росонерите“.

Со вкупни 3:3 и поради подобра гол разлика на гостински терен, Милан на крајот обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на Европа, но сепак како поголема вест се покажа интервјуто кое го направи Златан за официјалниот сајт на УЕФА, разговор кој искусниот Швеѓанец го искористи за да испрати сериозна критика до Леброн Џејмс.

Ибра најпрво го избра најдобриот фудбалер на сите времиња, но во продолжение нагласи дека воопшто не му се допаѓа страната на „кралот Џејмс“ со која тој се истакнува во јавноста на политички прашања.

– Секогаш им го велам истото на сите кои играат со мене. Роналдо е фудбалската игра. Роналдо „Феномено“ за мене е фудбалот. Начинот на кој се движеше, начинот на кој дриблаше и режираше додавања…. За мене тој е најдобар фудбалер на сите времиња, без никаков сомнеж или прашање, – нагласи Ибра.

– Леброн Џејмс? Тоа што го прави како спортист е феноменално, но наспроти тоа, воопшто не ми се допаѓа кога човек со таков статус зборува за политика. Прави го тоа во кое си добар. Јас играм фудбал зошто сум најдобар играјќи фудбал, не сум најдобар во политика. Ако бев политичар, ќе се насочев на политика. Тоа е првата грешка која ја прават познатите личности, треба да стои понастрана од тие теми и да го прави она во што е навистина добар. Во спротивно, остава лош впечаток за себе, – вели Златан.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни