Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ го пофали Фонсека, па откри кој играч ќе биде прва трансфер цел на Милан

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ денеска ја одржа првата прес-конференцијата како главен директор во „РедБрд“ семејството на Милан, а покрај тоа што го потврди Паоло Фонсека за нов лидер на проектот, откри и која ќе биде првата главна цел на клубот од „Сан Сиро“ на трансфер пазарот.

Ибра беше навистина отворен пред новинарите и на истите им ја откри и новата улога која е доста специфична, но исто така потврди и дека најважните играчи во првиот тим нема да бидат продадени ова лето.

– Фонсека ќе биде нашиот нов тренер. Изборот беше тежок, но баравме тренер со кој Милан ќе игра доминантен фудбал. Студиравме неколку тренери, гледавме како Фонсека ги подготвува натпреварите. После пет години и фантастична ера со Пиоли, потребно ни беше нешто ново. Фонсека е вистинскиот човек за Милан, веруваме многу во него. Тој е вистинскиот човек за нашиот проект, – изјави Ибра, па се осврна на трансфер пазарот.

– Минатото лето имавме одличен летен преоден рок, моравме да ја подобриме базата на играчи. Ова лето ќе се фокусираме на останатите детали. По заминувањето на Жиру, потребна ни е нова „9-ка“. Јовиќ е туак во тимот, но бараме нов напаѓач и тоа не е тајна. Зирзке е силен играч и имаше одлична сезона. Тој доаѓа од Холандија и ќе видиме дали ќе се претвори во новиот Ибра, или не….., – порача Златан, признавајќи дека Холанѓанецот е главна мета на „росонерите“.

– Мојата нова улога во клубот е едноставна, јас сум оперативен партнер на „РедБрд“. Јас зборувам со Кардинале и работам со Монкада и Фурлани. Ова не е шоу на еден човек, работам со сите во Милан, ние сме тим. Следна цел ни е да го засилиме тимот, да бидеме поконкурентни. Сакаме да освојуваме трофеи во Италија и Европа, ние сме Милан. Кога зборував првпат со Кардинале, му реков дека ќе се вратам ако имаме успешен проект. Не прифаќам пораз, тој е победник како мене и се вратив само за да победувам, – нагласи Швеѓанецот, кој не ги заборави и досегашните лидери на тимот.

– Тео Ернандес, Мењан и Леао ќе останат. Тие се најдобри во своите улоги на теренот и имаат договор со нас. Среќни се со нас и немаме потреба да продаваме никого. Благодарение на „РедБрд“, можеме да донесеме засилувања и да бидеме уште подобри, – посочи Ибра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни