Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ го избра најдобриот играч на сите времиња: Сакав да бидам како него, ама не бев доволно брз

Објавено

на

Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ е познат по тоа што секогаш е искрен и говори без влакна на јазикот, директно, па така воопшто немаше проблеми да каже кој според него е најдобриот играч на сите времиња.

Златан низ кариерата има многу поминато, има многу видено, ја има делено соблекувалната со многу големи имиња, но за него далеку пред сите е славниот бразилски ас Луис Назарио Де Лима Роналдо.

-За мене Роналдо Феномено е најдобар. Подобaр од Марадона? Не сум го гледал, можеби е најдобар од сите за другите генерации. Но Роналдо го гледав и го имитирав како дете. Се обидов, но неможев, не бев доволно брз како него, -рече Ибра кој го стави Лео Меси пред Кристијано Роналдо.

-Двајцата се многу добри. Би бил тежок избор. Ако треба да изберам, го избирам Меси затоа што играв со него, го видов одблиску и знам дека се што прави е природно, -порача Златан за кого глобално пак спортист број еден е боксерот Мухамед Али.

-Поради неговиот карактер, неговата личност, поради тоа колку бил силен. Зборуваше за некои работи, а ги правеше,- објасни Швеѓанецот со балкански корени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни