Италија
Ибрахимовиќ едноставно објасни зошто Милан се откажа од Мората после само шест месеци

Златан Ибрахимовиќ беше најзагреан за ангажман на Аллваро Мората во летниот преоден рок и воедно беше најзадоволен по реализацијата на трансферот, но само шест месеци подоцна, Милан многу лесно се ослободи од искусниот Шпанец.
Како гром од ведро небо пристигна информацијата дека Мората е во завршни преговори за трансфер во Галатасарај, а откако целосната зделка се реализираше, со кратко објаснување за разделбата со Алваро се јави и Ибра во улога на директор на Милан.
– Прво и основно, Алваро е фантастична личност и одличен фудбалер и му посакувам се најдобро во кариерата. Одредени историја не завршуваат добро поради одредени причини. Едноставно немаше „клик“ меѓу Милан и Мората, не би кажал ништо повеќе од тоа. Во фудбалот можат да се случат вакви работи, ми се случи и мене, – изјави Ибра, алудирајќи на неговиот престој во Барселона.
На местото на Мората, Милан го договори Сантијаго Хименез од редовиите на Феенорд, фудбалер кој ветува многу со оглед на тоа што има 23 години.
– Со месеци го следевме Хименез и се обидовме да го доведеме уште минатото лето, но тогаш ситуацијата беше поинаква. Сега сме подготвени за него, но и тој е подготвен за нас. Сите сме големи оптимисти од неговото пристигнување, – изјави Ибра.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)