Италија
Ибрахимовиќ е на добар пат да се врати во Милан

Златан Ибрахимовиќ пред неколку месеци ја заврши својата активна фудбалска кариера и тоа во италијанскиот великан Милан.
Тој во својата втора етапа во „црвено-црниот“ дрес се задржа три ипол години, период во кој имаше многу важна улога како лидер, ментор на екипата која во сезоната 2021-22 изненедувачки стигна и до Скудетото.
Во моментов Ибра нема никакви обврски, ангажман и Милан тоа сака да го искористи и да го врати во клубот. „Газета Дело Спорт“ пренесува дека Швеѓанецот е во постојан контакт со „росонерите“ во последните неколку недели и работите се движат во позитивен правец.
Останува да се види каква би била улогата на Златан со тоа што тренерот Стефани Пиоли посакува тој да биде во секојдневен контакт со тимот.
Пиоли е во одличен однос со легендарниот ас и верува дека би бил совршен во оперативната улога во близина на првиот тим.
-
Италијапред 23 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 18 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 18 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 10 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 23 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)