Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ човек на одлука, Милан сигурно ја отвори сезоната во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Милан ја оправдаа фаворитската улога и славеа над Болоња со 2-0 во вечерашниот меч од првата рунда во Серија А.

Избраниците на Пиоли одигра колку што им беше доволно и со тоа да порачаат дека сезонава имаат намера да играат важна улога во италијанскиот фудбал и бидат конкурентни за највисоките позиции на табелата. Човек на одлука беше ветеранот Златан Ибрахимовиќ кој беше автор на двата погодоци за „црвено-црните“.

Во 35 минута го отвори резултатот со удар со глава по асистенција на Ернандез, додека пак вториот гол Ибра го даде од пенал во 50 минута.  Милан во следното коло го очекува гостување кај Кротоне, тим кој вчера загуби од Џенова на нашиот Горан Пандев со 4-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни