Поврзете се со нас

Боречки спортови

Ибрагимов: Нуров ќе и донесе медал на Македонија!

Објавено

на

Еден од нашите најголеми адути на Летните Олимписки Игри во Токио дефинитивно е борачот Могамедгаџи Нуров кој до овој голем настан дојде со А-норма.

Желбата, амбицијата во Јапонија е да се дојде до медал, па за таа цел Нуров се подготвува во Владивосток каде работи со руската репрезентација. Тренер на нашиот репрезентативец е Могамед Ибрагимов кој добро знае како е да се дојде до медал на најголемата олимписка сцена.

Тој успеа во Сиднеј да дојде до бронзата, па сега верува дека Могамедгаџи го има потребниот квалитет, знаење да ја израдува Македонија со одличје.

-По мене, ќе и донесе медал на Македонија. Најважно е да верува во себе, –вели Ибрагимов за Ипон.

Нуров треба да настапи во Токио на 6 август и тоа во категоријата до 97 килограми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни