АТП
Ибра застана во одбрана на Ѓоковиќ и објасни зошто е против задолжителна вакцинација

Златан Ибрахимовиќ е најавен како стартер за големото дерби меѓу Милан и Јувентус кое се игра вечерва на „Сан Сиро“, но пред одигрувањето на мечот, се уште доста актуелно е интервјуто кое тој го одработи за „Журнал ду диманш“
Во истото, шведскиот напаѓач се огласи за светската тема број еден која беше актуелна во Мелбурн пред самиот старт на Австралија Опен, кога Новак Ѓоковиќ беше депортиран од оваа земја поради тоа што е невакциниран.
Ибра го смета светскиот рекет број еден за свој близок пријател и пред извесно време гледавме како се дружат заедно на завршниот Мастерс во Италија, па сега реши да застане во одбрана на светскиот рекет број еден и објасни зошто е против присилна вакцинација.
– Видете, јас се вакцинирав за да се заштитам и да ги заштитам другите и треба да тргнеме од тоа. Но не е исто да се вакцинирате за здравје, или да се вакцинирате за да настапите на еден тениски турнир.
– Оние кои се вакцинираат го прават тоа поради фактот што веруваат во вакцината и поради тоа што сметаат дека е ефикасна против болеста. Но, секој има право на свое мислење и не смее да се присили никоја личност да се вакцинира за да може да си ја работи својата работа. Се вакцинирав бидејќи сметам дека така ќе се заштитам, а не за да играм фудбал и да ми биде дозволено да настапувам на теренот. Тоа се две сосема различни работи, – вели Ибра.
-
Шпанијапред 20 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 18 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 19 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 16 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 12 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 19 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 8 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја