Поврзете се со нас

Италија

Ибра за тоа како се станува комплетен играч: Секогаш им поставувам исто прашање на младите фудбалери

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ е пред целосна санација на својата тешка повреда на коленото и прогнозите се дека ќе се врати на теренот по крајот на Светското првенство, што значи дека Милан ќе има големо засилување во вториот дел од сезоната.

Победничкиот карактер и страста на Ибра можеа да се почувствуваат во Милано и во изминативе неколку месеци во кои не играше, бидејќи Златан беше присутен на трибините на секој важен натпревар кој го одиграа „росонерите“ од стартот на сезоната.

Иако во октомври наполни 41 година, напаѓачот се уште се чувстува млад и доволно добар за да му помогне на Милан, а во интервјуто за клупската телевизија, го откри и прашањето кое постојано им го поставува на младите фудбалери.

– Јас сум играч кој сака да помогне на секој начин за тимот, немам преголемо его па да правам се сам на теренот. Тука сум во Милан за да дадам се што имам, да им помогнам на моите соиграчи ад бидат подобри и поуспешни во тоа што го правиме. За да го направите тоа, потребно е жртвување, напорна работа и посветеност.

– За мене асистенцијата е исто важна како и гол. Секогаш им поставувам исто прашање на младите фудбалери. Ги прашувам дали повеќе сакаат да дадат гол, или да асистираат. Ако ми кажат дека повеќе сакаат гол, им велам дека ќе им биде многу тешко да играат со мене. Треба да мислат на друг начин. Асистенцијата вреди гол, тоа е вистинскиот менталитет. Има играчи кои уживаат само во голови, но комплетен играч се станува ако им помагате на соиграчите и асистирате за погодоци. Станувате комплетен кога му помагате на соиграчот да стане подобар, – вели Златан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни