Италија
Ибра за мини револуцијата во Милан: Сите играчи ги донесовме по разговор со Консеисао

Милан денеска одржа прес-конференција со цел да го претстави најголемото зимско засилување, Мексиканецот Сантијаго Хименез кој доаѓа од редовите на Феенорд.
Клубот од „Сан Сиро“ направи една мини-револуција во првиот тим на Сержо Консеисао во последните денови од зимскиот преоден рок, бидејќи севкупно гледано, Милан доведе пет нови фудбалери, а истовремено ослободи исто толку.
Покрај Хименез, Милан ги ангажираше и Кајл Вокер, Жоао Феликс, Рикадо Сотил и Ворен Бондо, додека од обврските беа ослободени Алваро Мората, Лука Ромеро, Ноа Окафор, Исмаел Бенасер и Давиде Калабрија.
Говорејќи за мини-ремонтот во првиот тим, Златан Ибрахимовиќ се обиде да објасни зошто дошло до такво нешто, но и нагласи дека овој тим сега изгледа многу подобро од оној во првиот дел од сезоната.
– Тука сме да го претставине Хименез, новиот напаѓач на Милан, играч кој сакавме да го донесеме уште изминатото лето. Денеска е тука меѓу нас, поседува голем квалитет и се надевам дека ќе ги оправда очекувањата.
– Завршниот ден од зимскиот трансфер период беше интензивен за нас, но сите работи ние беа под контрола. Завршивме добра работа и направивме се што сакавме. Донесовме пет играчи и ослободивме пет играчи. Не сме задоволни од нашиот пласман и ова е тимот кој треба да ја промени ситуацијата.
– Го засиливме тимот и сега ќе видиме дали ќе ја намали разликата во однос на другите. Се што направивме, направивме во разговор со тренерот. Ако се прашувам јас, овој тим сега е многу подобар, но на крајот конечниот одговор ќе го дадат резултатите, – изјави Златан.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет23 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига22 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија12 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Англија21 час
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед