Ибра во свој стил: Имате среќа, да дојдев пред 10 години, денеска ќе бев претседател на САД (Видео)

ibra

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ ја продолжи својата одлична серија и постигна уште еден гол и запиша асистенција во победата на не неговиот Лос Анџелес Галакси на гостувањето кај Филаделфија (3-1).

Меѓутоа освен на теренот Ибра имаше шоу во свој стил и по средбата каде на интересен начин се прослави одговарајќи на прашањето како ја променил, влијаел на американската фудбалска култура со неговото доаѓање во МЛС.

-Не знам дали ја променив, јас само си ја вршам својата работа. Тие имаа среќа што не дојдов пред 10 години, затоа што денеска ќе бев претседател, -истакна Златан со што изнуди насмевка кај новинарите.

Facebook Коментари