Ибра во свој оригинален стил ја прослави огромната победа над Италија, светските медиуми поставуваат само едно прашање (Фото)

ibra-nos

Шведска со храбро и пожртвувано издание успеа да издржи во Милано и комплетно да ја шокира фаворизираната Италија која остана без пласман на Светското првенство во Русија, натпреварување на кое овојпат ќе ги гледаме популарните „викинзи“ кои се прикажаа баш во викиншко светло на „Сан Сиро“.

Швеѓаните издржаа во сите 90 минути на стадионот во Милано и направија минималните 1:0 од Стокхолм да значат билет важен настап на еден мундијал, а бидејќи тоа го направија во ситуација кога пред само една година останаа без својата најголема ѕвезда во тимот, нивното остварување добива уште поголемо значење.

Златан Ибрахимовиќ објави крај на репрезентативната кариера откако Шведска беше елиминирана на минатогодишното Европско првенство во Франција, но една и пол година подоцна, Ибра во свој стил знаеше како да се израдува на големиот успех на своите сонародници.

Напаѓачот во свој саркастичен и препознатлив стил ја прекрсти својата селекција давајќи и акцент на почетната буква од неговото име, а светските медиуми ширум светот веднаш почнаа да се запрашуваат дали тоа може да значи евентуално негово враќање во репрезентацијата по повод Светското првенство.

– Ние сме Зведска, – гласи пораката која ја испрати Ибра, а за тоа дали ова значи негово враќање по повод мундијалот ќе дознаеме во најскоро време.

Facebook Коментари