Поврзете се со нас

Италија

Ибра утре ќе го одржи првиот прес како директор и ќе го соопшти новиот тренер на Милан

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Златан Ибрахимовиќ изминатиов период доживеа емотивни моменти во Стокхолм и за последен пат беше поздравен од шведските фанови, а по кратката авантура која ја имаше во својата земја, Ибра повторно се враќа во Италија.

Како директор на Милан, Златан се обидуваше да се дистанцира од италијанските новинари во завршницата од сезоната, но сега токму тој ќе го најави новиот проект на клубот кој ќе започне и со нов тренер.

Ибрахимовиќ утре ќе го одржи првиот прес како директор на Милан, а италијанските медиуми најавуваат дека при обраќањето ќе го соопшти името на новиот тренер, кое веќе е познато за јавноста.

Пресот на Швеѓанецот е закажан за утре напладне во 12:00 часот, па покрај потврдата на Паоло Фонсека како тренер, Златан сигурно ќе даде одговори и за планот кој го има клубот со новиот предводник на тимот.

Најавите се дека на пресот нема да се појават Фрулани и Монкада, што автоматски алудира на тоа дека Златан ќе има далеку позначајна директорска улога со почетокот на подготовките за новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни