Италија
Ибра со последната објава ги „запали“ фановите на Милан (Фото)

Златан Ибрахимовиќ изминатиот период одржа неколку состаноци со Гери Кардинале за враќање во Милан неполна пола година по пензионирањето, а ако се суди според последната објава на Швеѓанецот, само прашање на време е кога ќе се официјализира зделката.
Првиот човек на Милан даде зелено светло за врќање на Ибра и веќе јавно призна дека сака да го види легендарниот напаѓач на „Сан Сиро“, пред се поради неговиот победнички дух и уникатен менталитет со кој доминираше во соблекувалната на „росонерите“.
Планот е Златан да добие директорска функција и да биде одговорен за спортскиот оддел, односно целта ќе биде да има клучно влијание во бирањето на играчи и за спортскиот проект.
Италијанските медиуми пренесоа дека поселдната средба меѓу Ибра и Кардинале дополнително ги приближила ставовите меѓу двете страни, па дополнителен жар денеска додаде и самиот Ибракадабра со објавата на социјалните мрежи.
– Тик так, тик так, тик так, – гласи објавата на Ибра.
tic tac tic tac pic.twitter.com/4eA07M73Dq
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 7, 2023
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…