Поврзете се со нас

Италија

Ибра се врати со самурајска фризура после четири месеци и веднаш постигна гол во дербито на „Сан Сиро“ (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ ја санираше незгодната повреда на коленото во изминатите четири месеци, но денеска се врати на теренот и продолжи онаму кадешто застана минатата сезона.

Популарниот Ибра се врати со самурајска плетенка и нов имиџ на теренот и за првпат се израдува пред фановите на „Сан Сиро“ по кам-бекот кој го направи во Милан, а за тоа потребни му беа само седум минути по влегувањето во игра.

Швеѓанецот беше резерва во дерби пресметката меѓу Милан и Лацио која се одигра во Милано, но по точно еден час игра, доби шанса и го замени стрелецот на првиот гол, Рафаел Леао. Младиот напаѓач на Милан направи клучна разлика во првото полувреме со својот гол, додека Кеси не искористи и пенал за 2:0.

Тоа му успеа на Ибрахимовиќ непосредно по влегувањето во игра, но мора да се признае дека и немаше тешка задача бидејќи доби перфектно додавање од Ребиќ кој извонредно го предвиде движењето на извонредниот голгетер.

Златан со својот гол ја потврди победата на Милан во дерби пресметката со Лацио, по која „росонерите“ избија на чело на табелата по три одиграни кола во Серија А, пред се поради подобрата гол разлика во однос на Наполи кој исто така оствари три стартни победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни