Ибра се врати на терените по 7 месеци и со акробатски обид го запали „Олд Трафорд“ (Видео)

zlatan-marsija

Манчестер Јунајтед успеа да направи одичен персврт и да победи со 4:1 против екипата на Њукасл, но сепак во центарот на вниманието на „Олд Трафорд“ се најде повратникот во првиот тим на „ѓаволите“, Златан Ибрахимовиќ.

По пауза од седум месеци, или поточно шест месеци и 29 дена, популарниот Ибра ја остави зад себе тешката повреда на коленото и стапна на теренот каде за последен пат играше во Лига Европа, сето тоа откако Жозе Мурињо одлучи да му ги препушти последните 13 минути заменувајќи го Марсијал.

До тој момент, Јунајтед веќе ја осигура победата откако Марсијал, Смолинг, Погба и Лукаку го неутрализираа почетниот погодок на Гејл, а мора да се издвои и една акробација на Швеѓанецот кој на навистина атрактивен начин се обиде да има уште пославно враќање на терените. Ибра со „полуножички“ се обиде да постигне маестрален погодок, но сепак Елиот го одбрани неговиот удар и спречи уште поубедлива победа на Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари