Поврзете се со нас

Свет

Ибра се симна на теренот и со маестрална акробација потврди дека се уште е во извонредна форма (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Златан Ибрахимовиќ се прости од активното играње фудбал пред точно една година, но Швеѓанецот со најновата објава на Инстаграм откри дека се уште се одржува во најдобра форма.

Иако веќе нема за цел да се бори со противничките дефанзивци и да ги решета мрежите, Ибра очигледно ужива повремено да се симне доле на теренот и да презентира дел од својата магија, а негови најголеми специјалитети беа фудбалските акробации.

Златан беше синоним за постигнување нереални и атрактивни кунг-фу погодоци, па така сега во друштво на познат бразилски инфлуенсен режираше ремек-дело.

Видеото е снимено на теренот на „Сан Сиро“, а Ибра режираше атрактивни „ножички“ по додавање од Лува да Педреиро.

– Немој да мислите, само направете го тоа…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни